АДЕЛ ХОЛДИНГ

АДЕЛ ХОЛДИНГ е група на компании кои што работат во различни бизнис сфери: градежништво, логистика, недвижности, трговија, дистрибуција и маркетинг.

Зошто нас?

Кога станува збор за вложување во една моќна кампања за рекламирање надвор од домот, треба секогаш да ги ангажирате најдобрите и најефикасните. Ние во Скрин Медиа, досега сме имале можност да изработиме решенија за надворешно рекламирање за стотици бизниси, и тоа онакви што ги менуваат правилата на игра, а сè со цел да се зајакне нивното присуство на пазарот и популарноста на брендот. Вам ви е потребна реклама што изгледа симпатично и којашто е видлива за многубројната публика во градот – најдоброто решение за тоа е рекламна табла (билборд), поставен на идеална локација. Скрин Медиа може да стане Вашето скалило кон зајакнување на идентитетот на Вашиот бренд, и тоа многу поефикасно и поефективно во споредба со социјалните медиуми.

Во последно време, поголемиот дел од малите и големите бизниси масивно ја ползуваат моќта на социјалните медиуми, што не е ништо лошо – истото треба да го сторите и Вие! Но, повеќето бизниси ја пропуштаат можноста да го зграпчат вниманието на луѓето низ градот, кои лесно може да ги шармирате преку една пријатна и креативна реклама на рекламна табла – билборд. Скрин Медиа е тука да Ви овозможи предност во однос на конкуренцијата.

Замислете си илјадници возила коишто минуваат низ различни локации – еден поглед кон Вашата креативна реклама, поставена на голема табла, и сликата засекогаш останува врежана во нивното сеќавање. Ваквата форма на рекламирање претставува навистина моќен начин за илјадници луѓе да го идентификуваат Вашиот бренд во своите мисли, без оглед дали за таа цел го користат Интернетот или не.

Нашата специјализација се состои во тоа што на различните бизниси им овозможуваме секаков вид високоефективни решенија за надворешно рекламирање, скроени по мерка согласно нивните спецификации. Внимателно ги слушаме сите подробности коишто ги посочувате, за потоа да ги надминеме Вашите очекувања кога станува збор за исполнување на Вашите барања.
Доколку оставите простор за ние посветено и креативно да го решиме Вашето рекламирање надвор од домот, можете да бидете сигурни дека ќе ги почувствувате позитивните придобивки во многу кус рок. Како? Пред сè, тоа се должи на фактот дека Вашите реклами ги поставуваме на исклучиво видливи и прецизни локации, онаму каде што знаеме дека луѓето ќе ги погледнат и ќе го запомнат Вашиот бренд.

  • screenmedialogo (1)
    Тука, во Скрин Медиа, ние се разбираме важноста на одлуката на кариера. Започнете ја вашата работа пребарување и аплицирате онлајн >> office@screenmedia.mk
  • Емаил: office@screenmedia.mk
    Тел 1: +389 (0)2 322 4944
    Тел 2: +389 (0)44 350 991
    Факс : +389 (0)2 322 4944

    Канцеларија 1: Коле Неделковски бр.61 лок.1, 1000 Скопје, Македонија
    Канцеларија 2: Автопат Мајка Тереза E65 Бензинска Lukoil 025, Прв Кат 1226 Желино, Македонија

  • Time limit is exhausted. Please reload the CAPTCHA.