Site Overlay

Нашите продукти

Во Скрин Медиа, нашето широко портфолио на иновативни алатки и производи за надворешно рекламирање е дизајнирано за да Ви помогне во унапредување на идентитетот на Вашиот бренд, како и да го прикаже неговиот сјај на најсовршен и најефикасен начин. Во овој контекст, подолу се набројани производите коишто ги нудиме за да ги рационализирате Вашите кампањи за „рекламирање надвор од домот“:

Рекламни табли – Билборди
Огласните табли се сметаат дека се едни од најраспространетите и најефективните форми на рекламирање на Вашиот бренд. Огласните табли имаат силно влијание врз мислите на Вашата целна публика. За Вас можеме да обезбедиме креативни рекламни решенија за огласување на рекламни табли (билборди) во сите формати на медиуми за „рекламирање надвор од домот“.

Мегалајт
Светот на надворешното рекламирање претрпе значителни промени, а тоа ни овозможи да Ви обезбедиме иновативни, висококреативни и естетски привлечни реклами во форма на мегалајти, коишто се осветлени со помош на лед-светилки додека ја прикажуваат Вашата реклама. Заради посилно влијание, со особена посветеност и прецизност ги поставуваме овие мегалајти на различни локации.

Ситилајт
Ситилајтите се осветлени со заднинско светло, во застаклена кутија во којашто се наоѓа и Вашата реклама. Тие претставуваат една моќна форма, којашто има за цел да го зајакне името на Вашиот бренд. Се сметаат за форма на комуникација којашто носи експоненцијална предност и дава можност за значително влијание врз Вашата целна публика. Ние во Скрин Медиа можеме да ги поставиме Вашите реклами во ситилајти на назначени локации, коишто се прецизно анализирани и лоцирани согласно демографските параметри на Вашата целна публика.

Слики на ѕидови
Ова претставува уште една форма на надворешно рекламирање со силно влијание, каде Вашата порака или реклама се насликува на различни ѕидови и на големи згради. Ние во Скрин Медиа можеме да Ви обезбедиме печатење на Вашата реклама на винил, чувствителен на притисок, со што се добива посебен изглед и естетика. Уште една предност од користењето слики на ѕидови е фактот дека насликаната реклама е значително поголема во споредба со рекламна табла (билборд) со полна димензија.

Copyright © 2024 Screen Media. All Rights Reserved. | Chique by Catch Themes