Site Overlay

За нас

Со седиште во Македонија и со повеќе од 600 локации низ целата земја, Скрин Медиа прерасна во еден од врвните снабдувачи на исклучителни и висококреативни реклами, за сите бизниси коишто бараат беспрекорно унапредување на нивните производи и услуги преку примена на мноштво алатки.

Скрин Медиа е пионер во надворешното рекламирање. Oсновани во 2008 година, успеавме да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти подобро од кој било друг, во смисла на нашата ориентација кон исполнување на зададените спецификации и барања на најдобар можен начин, како и да обезбедиме решенија коишто не се ништо помалку од совршени.

Нашите методи и стратегии имаат за цел да го зголемат Вашиот приход и популарноста на Вашиот бренд. Ние едноставно не ги оставаме нашите клиенти во неизвесност со „некакви половични“ дизајн-идеи и „заматен“ фокус. Ние во Скрин Медиа, успеавме да го доведеме до совршенство „рекламирањето надвор од домот“ – со наша поддршка, можете да бидете сигурни дека ќе го почувствувате позитивниот исход.

Како друштво за „рекламирање надвор од домот“, Скрин Медиа се фокусира на надворешното рекламирање, развој и печатење реклами побрзо од кој било друг – и нивно позиционирање на рекламна табла – билборд, во најкус можен рок. Квалитетот и ефикасноста се највиталните особини на нашиот успех, и тука нема простор за компромис.
Нашата посветеност кон рационализирано претставување на нашите клиенти, нагласената услужливост кон клиентите и професионализмот во секоја услуга што ја даваме, конечно се наградени со почитта и признанието од стотина бизниси низ целата земја, благодарение на коишто имавме можност успешно да воспоставиме над 600 локации.

Доверете ни ги Вашето корпоративно рекламирање и потребите од „рекламирање надвор од домот“, а за возврат, ние ќе ги доведеме идентитетот и популарноста на Вашиот бренд на едно сосема ново ниво.

Copyright © 2025 Screen Media. All Rights Reserved. | Chique by Catch Themes